Во Парагвај околу 40.000 луѓе евакуирани поради поплави


Околу 40.000 луѓе се евакуирани поради поплави во Парагвај, соопштија властите на оваа јужноамериканска земја.

Претставникот на Националната служба за вонредни ситуации Хоакин Роа рече дека повеќе од 10.000 евакуирани се во главниот град Асунсион.

Другите евакуирани се распоредени ширум земјата, долж надојдената река Парагвај.

Нормалниот водостој на реката Парагвај е четири метри, но сега достигна 6,92 метри во главниот град, по невообичаено обилните дождови кои врнат од март.