Заев ќе земе учество на годишната средба на ЕБОР во Сараево


Премиерот Зоран Заев ќе учествува на редовната средба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што од денеска до 9. месецов ќе се одржи во Сараево, каде заедно со другите лидери од Западен Балкан ќе дебатираат за економски и политички прашања клучни за регионот.

Според најавите, освен Заев настанот со присуство ќе го поддржат и Денис Звиздиќ, претседавачот на советот на министри на БиХ, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Главна тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст“, а агендата ќе покрие широк опсег на области релевантни за сите држави во кои што ЕБОР работи, како: инвестиции, миграција, туризам, дигитизација. Ќе се одржат и дискусии за регионални прашања со фокус на можностите за инвестиции во Западен Балкан.

Во тек на на 28.Годишен состанок на Одборот на гувернери, инвестициска конференција и бизнис-форум ЕБО.Р се очекува присуство на повеќе од 2 000 претставници на меѓународната бизнис-заедница, инвеститори, гувернери на ЕБОР, министри за финансии, економисти, благајници или централни банки, претставници на граѓански организации.

Европската банка за обнова и развој, како меѓународна финансиска институција што поддржува проекти во над 30 земји од светот, минатата година инвестира 1.1 милијарда евра во државите од Западен Балкан.