Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Неколку аспекти покажуваат дека ви е потребна поголема слобода во интимниот живот: дали да останете со саканите или да појдете по сопствениот пат? Во исто време ги сакате и обете работи: за сега е најдобро да излезете и да прошетате и на тој начин ќе ја обновите својата сила и меморија. Надминете ја нервозата на работен план.

БИК: Период карактеризиран со стабилност: куќата во која што живеете е исполнета со мир и задоволство. Набрзо ќе ги соберете плодовите на својата работа, но не губете време со обичните луѓе и неуките. Бидете благодарни за она што го имате и дајте си простор за понатамошен развој. Другите ве доживуваат како симбол на сила и имагинација.

БЛИЗНАЦИ: Убав период, во кој што е нагласена вашата заводлива моќ: штом знаете да се контролирате кога сте сами, наскоро ќе бидете дисциплинирани и во друштво. Ако многу обрнувате внимание на модата, може да испаднете смешни, затоа внимавајте, особено кога станува збор за работната сфера. Бидете чесни и нема да има причина за незадоволство.

РАК: Не си дозволувајте да бидете занесени од секакви сништа: ова е период карактеризиран со нереални цели и не е добро да градите кули во воздухот. Работете и не грижете се за исходот на нештата – тоа е вистинска наука, на другите да им ги оставите признанијата. Чувствителни и имагинативни, учите нови лекции во емотивниот сектор.

ЛАВ: Ве прати добра среќа и атрактивни шанси: некои шеми се повторуваат, само со цел да откриете што е вистинска љубов. Таа не познава закони, а особено не оној на здравиот разум: нема да може да влијаете врз космичките закони, без да го смените сценариото. Потпрете се на своите внатрешни ресурси и работете на темата во текот на целата година.

ДЕВИЦА: Ослободување од границите кои што си ги наметнавте самите на себе: интелигентни, истренирани и одговорни, имате силна желба да истраете во сегашните односи. Можеби сакате да започнете романса или имате друг вид на потреби, за кои што треба да одберете што е исправно. Бидете скромни, спремни за промена и ќе успеете.

ВАГА: Надминете ги љубовните дилеми, отфрлајќи ги радикалните идеи: велат дека славата е со привремен карактер и оној што ужива на ловориките, набрзо ќе открие дека седи на кактуси. Избегнете ја тенденцијата да бегате од одговорноста во интимниот живот и не ги вознемирувајте блиските: вратете го практичното размислување. Среќа.

СКОРПИЈА: Уживате во исполнетите желби, бидејќи ја имате постигнато фазата кога се чувствувате комфорно и среќно. Можна е конфронтација, од која што ќе научите дека само во темнината може да го видите сјајот на ѕвездите. Иако сте успешни и почитувани, треба да ја користите својата предност во име на заедницата. Смена во дневната рутина.

СТРЕЛЕЦ: Воведете малку повеќе имагинација во секојдневието, надминувајќи ја сериозноста и препуштете им се на пријателствата. Откријте ги вистинските и запознајте се подобро со нив, покажувајќи ја својата широка насмевка. Промени кои ќе ја распалат вашата воља за животот и ќе ги завршите дадените ветувања. Доаѓате до награди.

ЈАРЕЦ: Денес ќе е добро да ги посетите местата во кои што уживате: излезете и прошетајте, заборавајќи на тешките мисли. Шанси за креативно напредување, но ќе треба да се откажете од нешто: без жртви нема напредување. Така барајте го значењето на духовниот свет и животот ќе ја изгуби својата тежина. Насмејте се пријатели, помошта доаѓа!

ВОДОЛИЈА: Животот ви аранжира традиционални идеи, со кои што може да си ги исполните и најдлабоките желби: дали сте внимателни кога за тоа нема потреба и дали се плашите од сѐ? Денес доаѓа до пресврт во плановите и во последен час сѐ ќе се изедначи. Размислете за законот на причина и последица објективно, носејќи рационални одлуки. Мудрост.

РИБИ: Денес ќе треба да направите брзи одлуки и динамична акција кон саканата цел: она во што верувате, тоа и навистина постои. Ако имате самодоверба, ќе успеете да дојдете до повеќе интересни можности, но ако губите храброст, ќе ја изгубите и мудроста. Не им верувајте слепо на сугестиите од страна на колегите, бидејќи се можни интриги. Внимавајте.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]