Kирковски со македонски рекорд во искачување на врвот Елбрус


Македонскиот алпинист Александар Кирковски го искачи највисокиот врв во Европа, Елбрус 5.642 за 5 часа 17 минути 30 секунди и се пласира на 14 место на скај-маратонот, а овој резултат претставува воедно и македонски рекорд.

На планинската трка одржана вчера на масивот Кавказ во Русија, учествуваше и Дејан Тодевски кој оствари време од 5 часа 54 минути 50 секунди, доволно за 25. место.

На трката настапија вкупно 90 натпреварувачи од кои само 54 успешно стигнаа до врвот Елбрус.

Победници на годинашното издание се Шингис Бајкашев од Казахстан со време 3 часа 30 минути, а во женска конкуренција Ана Оглоблина од Киргистан со 4 часа 17 минути.