Денеска средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство


Денеска ќе се одржи средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство, информира на прес-конференција премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека министерката за правда Рената Дескоска се слушнала со лидерот на преговарачката група на опозициската партија.


– Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и г. Мицкоски, што, според мене, претставува исчекор кон постигнување решение за едно од најсуштествените разлики што претходно постоеја, изјави Заев.

За мене, нагласи, претставува надеж што и двете страни можеме уште малку да се потрудиме и да дојдеме до договор точно на рокот, затоа што, подвлече, навистина се изброени деновите на затворање на извештајот на Европската комисија.