(Фото) Скопјанец го фати чудото од Енфилд: Типуваше 4-0 за Ливерпул


Жител на Скопје вчера успеа да ја спои навивачката страст и сенсот за обложување. Страствениот навивач на Ливерпул, кој го испрати своето ливче до „Независен весник“, беше убеден во победа и пласман на неговиот омилен тим во финалето од Лигата на шампионите. Поразот од 3-0 во првиот меч во Барселона не го поколеба, па така, скопјанецот вчера уплатил 150 денари во една од спортските обложувалници во градот, типувајќи дека мечот на Енфилд ќе заврши со точен резултат од 4-0.

Коефициентот за таквото чудо беше 80 и му донесе добивка од 10.200 денари за вложените 150 денари.