Министерот Димитров во дводневна работна посета на Хаг


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија. Како што соопшти МНР,  Димитров во Хаг ќе оствари средби со холандскиот колега Стеф Блок, како и со претставници на канцеларијата на холандскиот премиер, на Министерството за надворешни работи и членови на Парламентот. […]

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешните генерален и финансиски директори на Македонски Телеком Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар Телеком”. Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а […]

Гала црвен килим: Музејот Метрополитен во мај со театрална мода


САД- На 6 мај Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ ќе го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим, а темата на модната изложба ќе биде – Camp: Notes of Fashion (Камп: Белешки за модата). Камп во овој контекст всушност е „камп концепт“. Терминот го воведува авторката Сузан Сонтаг во […]

Со години нема учебници за стручното образование


Со години нема учебници во дел од средните стручни училишта, па наставниците се принудени сами да се снаоѓаат кога го предаваат наставниот материјал. За машинската струка фалат учебници по предметите технологија на обработка за прва, втора и трета година, компјутерско моделирање и конструирање за втора и трета година и проектирање на производно-технолошки системи за четврта […]

Ретроспективна изложба на дела од Костадин Танчев-Динка: Живеам за уметноста


Околу 90 дела ќе бидат изложени на ретроспективната изложба на познатиот графичар Костадин Танчев-Динка. Во неговиот богат творечки опус се содржат дела од областа на графичката уметност, сликарството и графичкиот дизајн. Изложбата ќе биде отворена вечерва во просториите на Даут Пашин Амам во 20:30 часот, а кустоси на изложбата се Маја Неделкоска-Брзанова, Маја Чанкуловска-Михајлоска и […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Со Месечината во Јарец, ќе внимавате на нагласената тврдоглавост: нема да сакате да попуштите воопшто и на крајот од денот ќе научите дека таквиот став е сурогат за цврстиот карактер. Ваквата нефлексибилност е потенцирана од страна на вашата околина и можни се вжештени дебати: не преземајте екстра должности, веќе губите фокус. БИК: Денес сте […]

Реакција на ДУИ за настаните во ИВЗ


ДУИ го осуди начинот на кој, како сто тврдаат од партијата, одредени структури вечерва извршија упад во работата на ИВЗ. „Демократската унија за интеграција изразува целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури вечерва извршија упад во работата на Исламската верска заедница. Република Северна Македонија е секуларна држава, и независноста на верските заедници претставува уставна […]

МВР: Не е констатирано нарушување на јавниот ред и мир пред ИВЗ


Министерството за внатрешни работи соопшти дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатиле во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не било констатирано нарушување на јавниот ред и мир. -Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред […]

Реџепи: Владата се насочила против ИВЗ


Ријасетот на Исламската верска заедница ја заврши седницата што ја одржа вечерва во Кондово. Актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи по завршување на седницата рече дека исламската заедница е силно огорчена од овој скандал кој, како што оцени, не е случен ад хок. -Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и незаборавено, […]

Реал Мадрид е првиот тим на фајнал-форот во Евролигата


Европскиот шампион ќе го брани својот трофеј. Ниту спектакуларната атмосфера во „ОАКА“ арената во Атина не беше пречка за Реал Мадрид во плеј-офот, иако делуваше дека Панатинаикос би можел да дојде до првата победа во четвртфиналната серија. Сепак, Реал Мадрид се крена во завршницата од мечот, ја искористи првата меч топка и обезбеди пласман на […]

Пендаровски: Доста ни е од 30 години транзиција, од режимот и криминалот на фамилијата


Едно општество за сите и евроатлантско интегрирање, а не изолација и поделби. Тоа е мојот концепт. Доста ни е од 30 години транзиција, од мрачниот тунел на криминалот и од режимот на фамилијата, рече кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски, на вечерашната средба со граѓаните во Тетово. Фокусот на обраќањето Пендаровски го стави […]

Фенербахче го врати водството против Жалгирис


Фенербахче повторно го има главниот збор кога станува збор за пласманот на фајнал-фор турнирот во Евролигата. Екипата на Жељко Обрадовиќ со големи маки го совлада Жалгирис пред 15.000 гледачи во Каунас и поведе со 2:1 во плеј-оф серијата, со што си обезбеди повратна карта за Истанбул, но веќе за два дена на ова место ќе […]

Вонредна седница на Ријасетот на ИВЗ


Ријасетот на Исламската верска заедница одржува вонредната седница во Факултетот за исламски науки во Кондово. Седницата се одржува по најавите за промена на поглаварот на ИВЗ врз основа на судско решение. Според судското решение, како што изјави за медиумите Скендер Бузаку од утре ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница. Додека Мухамед Вејсели од […]

Кочов по празот од Задар: Нема да обвинувам никого, одговорноста е моја


Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов по вечерашниот пораз од Задар во вториот натпревар од бараж-серијата за пласман во АБА лигата, изјави дека противникот одиграл попаметно во второто полувреме, иако немаше дабиде незаслужено и „сино-белите“ да забележат победа – Честитки до Задар. Беа доста попаметни во второто полувреме и тоа го искористија, иако немаше да […]

МЗТ испушти меч топка, Задар дојде до драматичен „рибрејк“ во Скопје


Драмата која ја нуди регионалната кошаркарска лига не е завршена со синоќешната мајсторка помеѓу Црвена Звезда и Будуќност, туку продолжи вечерва во Скопје, каде се играше вториот меч од плеј-аутот во регионалното натпреварување помеѓу МЗТ Скопје и Задар. Хрватскиот клуб се реваншираше за поразот во арената „Крешимир Ќосиќ“ и израмни на 1:1 во серијата, па […]

Претседателот на Шри Ланка најави генералка во полицијата и војската по нападите


Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена изјави денеска дека планира смена на првите луѓе на одбранбените сили во земјата во следните 24 часа, бидејќи не успеале да ги спречат самоубиствените бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 300 лица, и покрај фактот што имале информации дека нападите ќе се случат. – Целосно ќе ги реструктуирам […]

Вејсели: Сулејман Реџепи ќе раководи со ИВЗ додека има доверба од Ријасетот


Сулејман Реџепи и натаму ќе раководи со Исламската верска заедница (ИВЗ) се додека ја има довербата од Ријасетот, изјави вечерва Мухамед Вејсели од ИВЗ, кој како скандалозна ја оцени одлуката на судот. -Исламската заедница е самостојна и автономна институција гарантирана со Уставот на РСМ. Го има својот Устав, ги има своите правилници и согласно Статутот […]

Опозицијата поднела 15 приговори за изборната кампања


Околу 15 приговори доставила опозициската партија до Антикорупоциската комисија за злоупотреби во текот на изборна кампања, а претставки има и од граѓаните. Дел од приговорите на опозицијата се прифатени и веќе се процесуираат согласно предвидените рокови, додека претставките од граѓаните ќе одат во редовна постапка. Како што соопшти претседателката на Комисијата за борба против корупцијата, […]

Нетанјаху: Новата населба во Голан ќе ја наречеме „Трамп“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наскоро ќе го претстави пред Владата неговиот предлог новата населба на Голанската Висорамнина да биде именувана по американскиот претседател Доналд Трамп во знак на благодарност што Белата куќа го призна суверенитетот на Израел врз таа територијата. -Сите Израелци беа длабоко трогнати кога претседателот Трамп ја донесе својата историска одлука, рече Нетанјаху […]