МВР: Не е констатирано нарушување на јавниот ред и мир пред ИВЗ


Министерството за внатрешни работи соопшти дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатиле во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не било констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

-Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa, наведуваат во соопштението.