Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со Месечината во Јарец, ќе внимавате на нагласената тврдоглавост: нема да сакате да попуштите воопшто и на крајот од денот ќе научите дека таквиот став е сурогат за цврстиот карактер. Ваквата нефлексибилност е потенцирана од страна на вашата околина и можни се вжештени дебати: не преземајте екстра должности, веќе губите фокус.
БИК: Денес сте супер сензуални и срцето ви чука со некој нов ритам: на крајот од виножитото ве очекува грне со злато и можно е повторно да се заљубите. Информации од далечните земји кои ве радуваат и ви влеваат надеж: со постојаноста на својот карактер ќе постигнете успех, бидејќи го сакате она што го работите. Тимска соработка.
БЛИЗНАЦИ: Планетите во Јарец укажуваат дека ситуацијата е комплексна: можеби ќе треба да направите некаква жртва и на тој начин да ги проширите хоризонтите. Истражете ја субјективната ситуација трезвено и без предрасуди и ќе разберете дека работите не стагнираат: не се фалите, ниту расправајте за минатите времиња. Променете ги навиките.
РАК: И покрај незгодните аспекти ќе успеете да се насмеете, надминувајќи ја болната приказна која ве остави сами. Сите вкусови се различни и многумина размислуваат како да постигнат среќа, не разбирајќи дека треба да почнат да се менуваат самите себе. На работен план ќе успеете компетентно да ги завршите своите задачи и покрај препреките.
ЛАВ: Во својот живот минувате низ фаза на трансформација и како правило некои работи се болни: велат дека љубовта кон правдата кај многумина е само страв и самите да не претрпат неправда. Со ова сознание ќе станете помудри и ќе се освестите. Надминете ја депресијата рационално и бидете благодарни за стечените лекции. Сега сте посилни.
ДЕВИЦА: Сега веќе знаете дека ќе бидете вклучени во некаков проект: патот пред вас е отворен, осмелете се да го направите првиот чекор. Образувајте се повеќе на оваа тема и не губете повеќе ниту час! Тоа е како капитал, кој што има поголема вредност од материјалната: смирете ги гласовите околу себе и продолжете напред. Бидете праведни и доблесни.
ВАГА: Уживате во пролетта и во голема среќа: зарем се надевавте на толку поволни исходи? Одеднаш го гледате светот со нови очи и имате поддршка од саканите: разбирате дека всушност и ништо не ви припаѓа во целост, освен она што ќе го сработите: вашите дела и зборови. Штом ќе падне еден цвет, веднаш се раѓа нов: таква е природата на светот.
СКОРПИЈА: Би можеле да налетате на тешкотии во комуникацијата: оние што се слаби ги напаѓаат уште послабите од себе. Тешко ќе доаѓате до компромис, бидејќи и двете страни се со тенденција да бидат непопустливи. Можни се дури и проблеми со роднините, кои ќе ги надминете ако се повлечете: без тврдоглавост! Верувајте повеќе сега.
СТРЕЛЕЦ: Со трпение ќе дојдете до целта, без оглед колку ви се чини тешко: надминете ги туѓите маани, разбирајќи дека никој не е совршен. Култивирајте ја својата личност и милувајте и сакајте ги блиските: она што ќе го научите денес, ќе има долготрајно влијание: дури и слободата мора да има свои граници. Внимавајте на говорот, имајќи доза на хумор.
ЈАРЕЦ: Конечно постигнувате смиреност: цврсто стоите на сопствените нозе, знаејќи дека сè постигнавте преку сопствениот труд. Не се губите во соништа и фантазии, сфаќајќи дека оној кој што патува сам, стигнува на дестинацијата побрзо. Можеби романтичниот живот не е најбрилијантен и му е потребна реформа. Средба со старите пријатели.
ВОДОЛИЈА: Традиционално ова е период кој што не ви оди во прилог: бавното темпо на Сонцето во Бик не ѝ прилега на вашата активна природа. Можеби се плашите да ѝ погледнете на вистината во очи и ја зголемувате својата улога во сè што се случува: така нема да си помогнете. Застанете и добро анализирајте ја ситуацијата, учејќи што е исправно.
РИБИ: Еден циклус во кој ги забележувавте недостатоците кај другите завршува бидејќи ќе ви биде укажано дека треба и самите да се поправите. Стариот начин на егзистенција се менува, но не плашете се дека ќе ја загубите контролата врз ситуациите: светот е движен од поголеми сили од нас самите. Направете напор и забрзајте ја промената.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ