Харадинај им се заблагодари на САД за помошта околу враќањето на 110 косовски државјани од Сирија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска им одаде признание на сите институции на Косово кои биле ангажирани во репатријацијата на косовските државјани од воените жаришта во Сирија и воедно се заблагодари на Владата на САД за поддршката за успешната реализација на операцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Ноќта меѓу петокот и саботата, односно меѓу 19 […]

Тереза ​​Меј: Преговорите со лабуристите за Брегзит се сериозни, но тешки


Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска изјави пред министрите дека преговорите со опозициската Лабуристичка партија за постигнување напредок по прашањето за Брегзит се сериозни, но тешки во некои области, информира нејзиниот портпарол. Тој истакна дека нема определен временски рок за крај на преговорите со лабуристите, но додаде оти премиерката изјавила пред својот кабинет дека е потребно […]

Бузаку: Од утре сум нов поглавар на ИВЗ врз основа на судско решение и внатрешни акти


Скендер Бузаку денеска во изјава за медиуми најави дека од утре тој е новиот поглавар на Исламската верска заедница. Како што истакна тој ќе раководи со Исламската верска заедница согласно судско решение и сите внатрешни акти. Информира дека ја известил и финансиската полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи […]

Автопатот Приштина – Скопје ќе се пушти во употреба на 29 мај


Автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Северна Македонија, ќе биде целосно пуштен во употреба на 29 мај оваа година, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за привршувањето на градежните работи на автопатот од Приштина до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Северна Македонија, ја изнесе Министерството […]

Лавров: Соединувањето на Крим со Русија е реалност, сакале другите или не


Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека прашањето за повторно соединување на Крим и Русија е завршено и оти никаков надворешен фактор не може да ја смени таквата ситуација. Тој денеска на презентацијата на збирката „Крим во развојот на Русија, историја, политика, дипломатија. Архивски документи на Министерството за надворешни работи на Русија“ рече дека […]

ИСИС објави фотографии и видео: Ова се бомбашите од Шри Ланка


Исламската држава презеде одговорност за бомбашките напади на Шри Ланка во кои на Велигден беа убиени најмалку 320 луѓе, објави „Амак“, новинската агенција на оваа терористичка агенција, не наведувајќи докази за тоа тврдење. „Амак“ потоа во текот на денот објави и фотографии од осуммина мажи за кои тврди дека се терористите кои ги извеле нападите […]

Полиција кај ИВЗ, обид за разрешување на Сулејман Реџепи


Група луѓе под изговор дека Основниот суд Скопје донесе одлука за разрешување на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, инсистираат да се прифати барањето за нов претседател да биде поставен Скендер Бузаку. Од ИВЗ велат дека судот нема право да го разреши претседателот и дека истиот може да се разреши само со одлука на раководството на […]

Трамп ги тужи демократите кои му побараа даночни декларации


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговите компании ги дадоа на суд демократите со цел анулирање на нивното судско барање до фирмата „Mazars USA“ да прикаже сметководствени документи од финансиските и даночните извештаи поврзани со неговиот бизнис, објави синоќа „Њујрок Тајмс“. За време на предизборната кампања во 2015 и 2016 година Трамп изјави дека ќе ги […]

Tollovi dhe polici brenda BFI-së , tentohet të shkarkohet kreu, Sulejman Rexhepi


Para disa çasteve forca të mëdha policore e kanë rrethuar selinë e Bashkësisë Fetare Islame në Shkup, raporton KOHA. Siç mëson gazeta KOHA, bëhet fjalë për vendimin e fundit të Gjykatës Themelore Shkupi 2, e cila e ka pranuar kërkesë për shkarkimin e reisit aktual Sulejman Rexhepit dhe caktimin e Skender Buzakut si kryetar të […]

7 мај ќе биде работен ден


Иако претходно имаше најави дека е можно 7 мај да биде неработен поради посетата на папата Франциск, Владата на денешната седница одлучи да биде работен ден. Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе ја посети и Спомен-куќата на Мајка Тереза […]

Косовскиот вицепремиерот ги повикува Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас


Вицепремиер и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли сподели статус на Фејсбук каде им порачува на Албанците во Македонија за кого да го дадат својот глас. -Го ценам непречен развој на претседателските избори, како и делумните локални избори во Република северна Македонија. Овој процес претставува уште еден чекор во демократската зрелост на оваа […]

Продолжен притворот за двајцата Срби осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ


 Приштинскиот суд им го продолжи денеска за два месеца притворот на припадниците на косовската полиција Недељко Спасојевиќ и Марко Рошиќ, осомничени за вмешаност во убиството на лидерот на партијата Граѓанска иницијатива Србија, демократија, правда, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година. Адвокатот на Спасојевиќ и Рошиќ, Негован Шарановиќ информира дека од вчера неговите клиенти стапиле во […]

Епидемија на заразна жолтица во Посебното училиште во Ново Село


Во Посебното основно училиште „Климент Охридски“ во Ново Село е прогласена епидемија на заразна жолтица, иформира д-р Силвана Петкоска, специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Струмица. Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат. -Издадовме наредба во наредните 15 денови училиштето да […]

ПСЖ заинтересиран за Икарди, Интер ќе бара 70 милиони евра


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди може да премине во ПСЖ за време на летниот трансфер прозорец, соопшти „Газета дело Спорт“. Аргентинскиот репрезентативец станал приоритетна цел за богатиот француски клуб, кој гледа во него идеален заменик на 32-годишниот Единсон Кавани. Разговорите за трансферот на напаѓачот сè уште не започнале, но парижаните сега се сметаат за фаворити […]

Смртна казна за 37 терористи во Саудиска Арабија


Саудиска Арабија денеска погуби 37 свои државјани поради поврзаност со тероризам, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Извршена е смртна казна над виновниците кои усвоија екстремистичка идеологија, формирајќи терористички групи за да ја загрозат безбедноста на земјата и да предизвикаат конфликт, јави државната новинска агенција.

(VIDEO) Zaevit i’u dhurua fshesa për të “pastruar” Qeverinë!


Aktori Dragan Spasov Dac në tribunën e LSDM-së në Karposh i’a dhuroi një fshesë kryeministrit Zoran Zaev, për siç tha, pastrimin që duhet ta bëj. “Për shkak se unë jam i pari që do të jep dorëheqje për arsye morale, kam edhe përgjegjësi morale që të dorëzoj këtë fshesë për pastrimin që duhet të bëhet. […]

Експлодира бомба во двор во Драчево, уништени автомобили


  Ноќеска, околу 4.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа. Од експлозијата биле оштетени патнички возила „Ауди“,„Рено Клио“ и „Голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко


Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. Случајот го пријавила во полиција  нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. – Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., […]