Експлодира бомба во двор во Драчево, уништени автомобили


 
Ноќеска, околу 4.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа.
Од експлозијата биле оштетени патнички возила „Ауди“,„Рено Клио“ и „Голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.