Бузаку: Од утре сум нов поглавар на ИВЗ врз основа на судско решение и внатрешни акти


Скендер Бузаку денеска во изјава за медиуми најави дека од утре тој е новиот поглавар на Исламската верска заедница.

Како што истакна тој ќе раководи со Исламската верска заедница согласно судско решение и сите внатрешни акти.

Информира дека ја известил и финансиската полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во Исламската верска заедница.

Како што рече, очекува мирно преземање на раководењето со ИВЗ и оцени дека сета постапка досега е направена во демократска атмсофера.