Полиција кај ИВЗ, обид за разрешување на Сулејман Реџепи

Група луѓе под изговор дека Основниот суд Скопје донесе одлука за разрешување на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, инсистираат да се прифати барањето за нов претседател да биде поставен Скендер Бузаку.

Од ИВЗ велат дека судот нема право да го разреши претседателот и дека истиот може да се разреши само со одлука на раководството на ИВЗ.

Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ.

Во истиот тој период на паралелно собрание е реизбран за поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Во моеметов и приврзаниците на Реџепи и прврзаниците на Бузаку се во просториите на Исламската верска заедница.

Во објектот на ИВЗ  присутна е и полицијата, присутна е и финансиска полиција која го чешла работењето на Реџепи.

loading...