7 мај ќе биде работен ден


Иако претходно имаше најави дека е можно 7 мај да биде неработен поради посетата на папата Франциск, Владата на денешната седница одлучи да биде работен ден.

Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе ја посети и Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе служи миса на плоштадот Македонија, по што ќе има средби со свештеници и верници во катедралата „Пресвето срце Исусово“.