2 август-неработен ден за сите граѓани
Според Законот за празниците на Република Македонија од Министерството за труд и социјална политика следниот неработен ден за сите граѓани е 2-ри август (четврток).
После овој празник следи 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), кој е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед и за граѓаните од муслиманска вероисповед 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2018та година неработни денови се: За сите граѓани на РМ
- 02 август (четврток), Ден на Републиката
- 8 септември (сабота), Ден на независноста
- 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
- 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
- 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
- 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
- 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
- 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик