10 трикови за смирување на поленската алергија: Бакнување, смеење и лук


Пред да посегнете по антихистамини и кортико – стероиди, имајте на ум дека постојат многу начини да ги намалите симптомите на алергијата или дури и потполно да ги неутрализирате.

1. Избегнувајте јаболка: Ако сте алергични на полен, јаболката може да ја влошат реакцијата. Алергија на јаболка се јавува кај болни со алергиска треска, затоа што содржат алергени клои се наоѓаат во поленот на брезата, лешникот и црна евла.

2. Додајте овошје и зеленчук во исхраната: Со додавање морков, марелица и сладок компир во исхраната ќе помогнете да се смират симптомите. Содржат каротеноиди, кои го намалуваат воспалението и го подобруваат вашиот имун систем. Спанаќот и тиквата имаат антиоксиданси кои делуваат како мелем за очите, грлото и носот.

3. Јадете мед: Најдобро е да почнете да јадете мед два месеца пред почетокот на сезоната на поленски алергии. Медот треба да биде од некој локален производител.

4. Чај од камилица: Погрижете се дома да имате полно чај од камилица. Пијте го или користете ги вреќичките чај како студена облога за очите.

5. Туширање: Еден од наједноставните начини за смирување на симптомите на поленската треска е дома да се пресоблечете штом се приберете од природа, а со туширање ќе го отстраните поленот од косата и телото.

6. Не избегнувајте лук: Тој делува како деконгестив и е добар извор на природен антихистамински кварцетин. Најдобро делува кога се јаде сиров или изгмечен, а може да го пиете и во вид на таблета.

7. Бакнување: Бакнувајќи го партнерот половина час може да ја ублажите алергиската реакција на телото на полен, покажа истражување во Јапонија. Тоа е затоа што се опуштате, а опуштеноста го намалува производството на хистамин во нашето тело, хемикалии кои предизвикуваат алергиска реакција.

8. Смејте се: Старата изрека дека смеењето е здравје е медицински точна. Една студија покажа дека кикотењето од 15 минути може да помогне во смирувањето на симптомите. Смеата ги поттикнува хемикалиите кои го блокираат производството на хистамин, ја намалува вашата реакција.

9. Користете вазелин: Вазелинот не е корисен само за решавање на проблемот со испукани усни. Ако нанесете малку на внатрешната страна од ноздрите ќе го зароби поленот и ќе спречи често кивање. Ако ве чешаат и очите, нанесете малку околу ни и на трепките.

10: Сварете чили: Припремете јадење со чили и други лути зачини за полесно да дишете. Ако спремате луто кари, додајте и малку куркума затоа што се смета дека го намалува воспалението.