Џафери не сака да зависи од Заев


Спикерот Талат Цафери се пожали на денешниот брифинг дека парламентот е целосно зависен од Владата, која го определува собранискиот буџет, а министерот за финансии може да скрати дел од средствата. Според Џафери, законодавниот дом треба да има сопствен буџет, а не да зависи од извршната власт.

Проблем, како што рече спикерот, е и начинот на кој е регулирано обезбедувањето на Собранието. Внатрешното обезбедување е под контрола на МВР.
„Има практични ситуации кога некој од ‘горе’ си зема за право да дава нареди на обезбедувањето на Собранието. Тоа е недозволиво. Собранието треба да има целосен надзор врз обезбедувањето, за да не се случуваат во иднина ситуации како 24 декември 2012 година и на 27 април 2017 година“, рече Џафери.

За впечатокот дека Собранието не е ефикасно, Џафери нагласи дека во овој период се работи според план, со цел парламентот да биде делотворено, но и да има одредена заштеда. Тој нагласи дека, ако се пратениците се во пленарна сала секој ден не мора да значи дека се ефикасни, посочувајќи притоа дека една пленарна седница чини 30 илјади евра.