Јункер и Могерини пристигнаа во Приштина
Висока делегација на Европската унија предводена од претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, пристигна денеска во Приштина, по што веднаш почнаа разговори со претставници на властите.
Јункер во Приштина допатува со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Тие се на разговори со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со претседателот на Парламентот Кадри Вејсели.