Југозападна Бугарија пред поплави од циклонот „Филип“


Југозападна Бугарија во портокалова фаза поради циклонот „Филип“

Во југозападна Бугарија прогласена е портокалова фаза поради доаѓањето на циклонот „Филип“, кој е проследен со силни ветрови и поројни долждови.

Поради опасноста која ја носи невремето, бугарското Министерство за внатрешни работи синоќа свика кризен штаб. Раководители од Министерството се распоредени во различни региони на земјата, за одблизу да ја следат ситуацијата.

Објавената опасност од прв и втор степен значи дека се очекуваат интензивни врнежи, кога се очекуваат да паднат меѓу 35 до 65 литри на метар квадратен, а на одредени места и повеќе.

Во комбинација на позитивни температури и интензивното топење на снегот можни се поплави.

Во Бугарија веќе се воспоставени и единици за 24-часовно набљудување на браните во Западна Бугарија, каде врнежите ќе бидат најсилни. Во источна Бугарија, налетите на силните ветришта се очекуваат да достигнат над 80 километри на час.

За време на викендот се очекува врнежите на дожд да престанат, додека во источниот дел ќе продолжат.