Јувентус ќе го промовира Роналдо на 7 јули


Во Торино веќе се подготвуваат за прославата за договорот на векот.
Италијанските медиуми го објавија датумот на кој Кристијано Роналдо ќе биде официјално претставен на „Алијанц“ стадионот. Денот е 7 јули, а тогаш се очекува Роналдо да пристигне во Торино, тврди „Спорт Медијасет“.
Преселбата на Кристијано во Јувентус е прашање на часови. Ова, пак, го потврдува португалското издание „Рекорд“, кое се смета за блиско до мега-ѕвездата на светскиот фудбал.
Агентот на португалската ѕвезда, Жорже Мендеш и претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез се сретнале во Мадрид, за да разговараат за трансферот, кој ќе ја чини „старата дама“ 100 милиони евра.
Со тоа Роналдо ќе стане најскапиот трансфер во историјата на Јувентус.