Ѕанакопулос: Денеска е историски ден


Денеска се решава еден историски проблем, денеска е историски ден, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Сто кокино“.

– Денеска е историски ден, денеска се решава еден историски проблем меѓу двете земји и мислам дека би можело да биде поттик за нова ера, не само во билатералните односи, туку и на Балканот, бидејќи Договорот од Преспа е модел за начинот на кој треба и можат да се решаваат билатерални спорови и секако со идентитетски карактер. Конкретната разлика можеби е и последната идентитетска разлика во балканскиот регион и можеме денес, со радост и гордост се прави решителен чекор за решавањето, истакна Ѕанакопулос во интервјуто непосредно пред гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.