Ѓоковиќ и Пике ќе организираат Екипно тениско натпреварување


Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се залагаат за промена на системот на натпреварување во светскиот тенис.

Целта на двете светски спортски ѕвезди е да организираат Светско екипно првенство за тенисери кое би траело десетина дена со учество на 16 репрезентации.

Ѓоковиќ и Пике веќе нашле и спонзори кои би го поддржале натпреварувањето со 30-40 милиони долари.

Пике, кој е голем љубител на тенисот, се почесто покрај со фудбал се занимава и со бизнис.

Наводно, Пике не успеал да ги убеди челниците на АТП (Асоцијацијата на професионални тенисери) во исправноста на проектот, додека ИТФ (Меѓународната тениска федерација) покажала интерес за соработка.