Ѓоковиќ и Вајда ќе соработуваат и во сезоната на трева


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја продолжи соработката со словачкиот тренер Марјан Вајда и во текот на сезоната на трева.

Минатата година Ѓоковиќ се соочи со повеќе проблеми, а во мај 2017 година ја прекина соработката со дотогашниот тим. Потоа почна да соработува со Андреа Агаси и Радек Штепанек, но и со нив се разиде поради лошите резултати.

Пред почетокот на сезоната на земјена подлога српскиот тенисер повторно почна да соработува со неговиот поранешен тренер Вајда и тогаш беше соопштено дека станува збор за привремена соработка.

Но, откако Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на „Ролан Гарос“, било одлучено соработката да продолжи и во сезоната на трева.

Српскиот тенисер прво ќе учествува на турнирот во Квинс, а потоа и на Вимблдон.