Ѓоковиќ за повредата: Направив лошо движење, не изгледа страшно


Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Хорацио Себаљос со 6:2, 6:1, 6:3 и се пласираше во третиот круг на „Вимблдон“.
На средина на третиот сет, Ѓоковиќ имаше проблеми во левата нога. Тој побара лекарска консултација.
– Направив лош потег и тоа имаше ефект на коленото. Не изгледа како нешто страшно, ќе видиме како ќе се чувствувам на тренинг утре. Чувствував болка до крајот на натпреварот, правев неколку проверки. Тетивите се во ред, ништо страшно. Во спротивно ќе се повлечев, рече Ѓоковиќ веднаш по мечот.
Српскиот тенисер, исто така, рече дека е многу импресиониран од начинот на кој Федерер игра и како се движи на тревна површина.
Поранешниот бр.1 исто така, зборуваше за идната генерација на играчи.
– Тенисот има потреба од овие играчи, потребни се тенисери од следната генерација, кои ќе станат големи ѕвезди. Се разбира, кога тоа влијае на вас, тогаш тоа малку ви смета, изјави 21-виот тенисер во светот.
Во третиот круг, Србинот ќе игра против Кајл Едмунд.