Шчербак: Македонија и Грција имаат право на решение кое ќе одговара на двете страни
Многу е битно такви прашања да се решаваат преку преговори и врз основа на почитувањето на заемниот интерес, изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак одговарајќи на новинароско прашање како Русија гледа на напорите за решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција.
– Русија ги гледа Македонија и Грција како две суверени независни држави. Затоа двете држави, како и други во слична ситуација, имаат право да изнајдат решение кои би им одговарало на двете страни, рече амбасадорот Шчербак.
Тој вечерва во Прилеп ја отвори изложбата на фотографии „Москва денес“ во рамките на одбележувањето на 24-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Руската Федерација