Шкендија и Вардар одиграа реми со четири погодоци во Тетово


Вкупно 11 голови беа постигнати на првите два натпревара од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Дербито во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Вардар заврши без победник 2:2, додека Ренова во Скопје го совлада Работнички со 4:3.

Утре играат: Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. и Силекс – Шкупи.

Почетокот на сите натпревари е во 17 часот.