Фрлил парички за среќа во мотор на авион
За да донесе среќа на себеси и на останатите патници, патник на кинеска ниско-буџетна авио-компанија „Лаки ер“, фрлил неколку парички во моторот на авионот пред полетување за Кунминг.
Извесен Лу, сега ќе мора да ја плати цената за своето однесување. Инженерите пронашле неколку парички во моторот, а штом го стартувале виделе дека во самиот механизам се кријат уште парички.
Иако фрлањето парички за среќа е обичај во многу земји, во овој случај тоа е и многу опасно. Паричките можеле да предизвикаат сериозна штета, па и целосно откажување на моторот.
Летот е откажан, а авио-компанијата соопшти дека паричките направиле штета од 20 илјади долари по откажувањето на 160 патници.
„Лаки ер“ го тужи патникот кој веќе помина седум дена во притвор.