(ФОТО) Шилегов: Екс-функционерите се возеле во ВИП кабини на жицарницата
Актуелниот градоначалник Петре Шилегов денеска објави на својот профил на Фејсбук фотографии од кабини од жицарницата на Водно.
Фотографираните кабини изгледаат луксузно и наместо обични седишта има бели фотелји.
Не се знае кој ги имал привилегиите да се вози во овие кабини и дали тие ќе останат во употреба или ќе се продаваат.