Фановите на Јувентус гневни поради трансферот на Игуаин во Милан
Поддржувачите на Јувентус цврсто се спротивставија на продажбата на Гонзало Игуаин во Милан. Аргентинскиот напаѓач стана миленик на „бјанконерите“, но изгледа дека неговото преминување во гигантот од Милано ќе биде објавено во следните неколку часа.
Двата клуба ги финализираат преговорите за мегазделката, која ќе го испрато „Питата“ на „Сан Сиро“, а Леонардо Бонучи ќе преземе во спротивната насока. Јуве, исто така, ќе се раздели со младиот дефанзивец Матија Калдара, а навивачите сметаат дека сличен договор меѓу двата клуба е „несфатлив“.
Многу од приврзаниците на „старата дама“ ги преплавија социјалните мрежи со коментари насочени кон раководството на клубот за донесената одлука Игуаин да биде продаден. Тифозите го определија трансферот на Аргентинецот и како „подарок за Милан“, кој ќе го оживее клубот.
„Овој тим те испраќа на најлош начин, нешто кое не го заслужуваш. Тој даде многу, многу за овој дрес. Сега оди, оди и научи ги како се даваат 100 гола во Серија „А“ и особено како се победува“, напиша фан на Јуве.
„Јувентус го спаси Милан, продавајќи ги Калдара и Игуаин за без пари. Овозможува клубот да се бори за титулата без да троши пари“, наведено е во друг коментар.
„Договорот за Бонучи, Калдара и Игуаин е несфатлив“, пишува во еден од многуте статуси на социјалните мрежи.
„Никогаш нема да ги разберам овие решенија на пазарот на трансфери, но знам дека секогаш ќе останете во нашите срца. Поради тоа што си и што направивте. Благодарам, Гонзало“, вели навивач на шампионот Јувентус