У19: Македонија со 5:0 ја победи Финска
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години попладнево славеше убедлива победа против составот на Финска со 5:0 (1:0) во пријателски натпревар одигран во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На тој начин „црвено-жолтите“ со убедлива победа ги започна подготовките за елитната квалификациска фаза за ЕП.
Филип Стојчевски го отвори резултатот во 15-тата минута, додека останатите четири погодоци на Македонија паднаа во второто полувреме. Атанасов беше прецизен од пенал во 52-та минута, а потоа Бојан Колевски постигна „хет-трик“ (54-та, 58-ма, 89-та минута).
Во овој меч, Вујадин Станојковиќ не можеше да смета на Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг Лисабон).
Вториот меч меѓу репрезентациите ќе се игра в четврток.
Елитната квалификациска рунда во Скопје против Англија, Унгарија и Летонија почнува од 23-ти до 27 март во терминот предвиден од ФИФА за пријателски мечеви, а средбите ќе се играат на Националната арена „Филип Втори“ и на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.