УЕФА попушта: Новата Суперлига гарантира 900 милиони евра годишно за секој учесник
Новата Суперлига, која се очекува да ја замени Лигата на шампионите, ќе гарантира приход од 900 милиони евра годишно за секој тим, кој има загарантирано постојано учество. Оваа сума не ги вклучува износите кои тимовите ќе си ги поделат од наградниот фонд.
Еволуцијата на Лигата на шампионите е резултат на детални консултации со учеството на сите засегнати страни.
Суперлигата ќе биде природна замена за Лигата на шампионите. Новиот проект се уште е во процес на подобрување и преговорите се спроведуваат помеѓу Европската асоцијација на клубовите и УЕФА.
Според откритијата на „Шпигел“, кои се базираат на информации од „Фудбал Ликс“, во Суперлигата ќе учествуваат 16 од најголемите клубови во Европа – Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Јувентус, Челзи, Арсенал, Париз Сен Жермен, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан. Тие ќе бидат основачи на новиот турнир. Кон нив ќе се приклучат Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Олимпик Лион, Интер и Рома, кои ќе бидат третирани како гости.
Европската Суперлига ќе има две фази – прво групна, потоа елиминациска.
Многу е веројатно форматот на Суперлигата да се зголеми на 24 екипи.
Можно е да се организира втора дивизија, со што ќе им се овозможи на другите тимови да се интегрираат на турнирот и да се издигнат.
Друга карактеристика на новата Суперлига ќе се натпревари за време на викендите, бидејќи УЕФА е категорична дека така часовите на дуелите можат да се менуваат и да се „поудобни“ за телевизискиот пазар во Америка и Азија. Нешто што не е можно со натпреварите во доцните часови на работните денови, кои се целосно прилагодени за европската публика.
Оваа промена, исто така, ќе добие силен отпор, бидејќи тоа ќе значи дека календарите на локалните првенства ќе се менуваат и тимовите ќе треба да одмораат, кога нивен натпревар против Манчестер Јунајтед или Реал, пример, се совпаѓа со судир на гигантот во Суперлигата.
Планот за Суперлигата напредувал толку многу, што веќе имало обиди да се потпише договор за партнерство во САД со компанијата „Релевант спорт“.
2024 е годината која е поставена како краен рок за почеток на новиот фудбалски турнир, кој ќе ја замени Лигата на шампионите. Проблем во овој момент останува изготвувањето на програмата и спроведувањето на натпреварите, бидејќи желбата е дуелите да се одржуваат во текот на викендот, што се совпаѓа со календарите на локалните фудбалски лиги.
Ако идејата биде развиена и се прифати, што според експертите е сосема веројатно, турнирот ќе се појави во сезоната 2023-24 година.
Се развива и опција за Лига Европа 2, која ќе се појави уште во 2021 година, а така за „помалите“ ќе има две натпреварувања, повеќе можности, но без да можат да ги измери силите со гигнатите.