Уапсени 3 лица по железничката несреќа во Турција во која загинаа најмалку 9-мина
Турските власти денеска уапсија три лица, вработени во државната железничка агенција, а кои се сомничат за пропусти кои доведоа до железничката несреќа во Анкара.
Трите лица се уапсени откако брз воз удри во локомотива за инспекција на пругата, а потоа во пешачки надвозник на станицата во Анкара, усмртувајќи најмалку девет лица и повредувајќи 46, од кои тројца се во критична состојба. Меѓу загинатите се и тројцата машиновозачи.
Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган вети темелна истрага и порача дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Брзиот воз требало да мине низ станицата во Анкара без да се запира, но тогаш удрил во локомотивата која правела инспекција. Според турските медиуми, локомотивата воопшто не требала да биде таму во моментот на несреќата. Истрагата ќе траба да утврди и дали имало евентуално некаков проблем со сигнализацијата.