Токио ги претстави маскотите за Олимписките игри во 2020 година
Организаторите на Олимписките и Параолимписките игри, кои ќе се одржат во 2020 година во Токио, денеска во јапонската престолнина ги претставија маскотите.
Фигурите, за кои гласаа над 100.000 ученици од основните училишта, потсетуваат на јапонскиот манга стрип.
Во гласањето учествуваа над шест ипол милиони ученици , а во потесниот избор влегоа три предлог-решенија. Победи дизајнот на Рио Танигучи, кој нагласува дека се обидел да ги спои традиционалните вредности со футуристичкиот изглед и така да го претстави концептот „иновација преку хармонија“ што е основно лого на игрите во Токио.
Имињата на маскотите дополнително ќе бидат утврдени, по што ќе следи уште една промоција.