Тајно гласање во парламентот или заеднички изборни листи


Тајно гласање во парламентот за пристапување кон уставни измени согласно договорот од Грција е една од варијантите за обезбедување соработка на опозициските пратеници за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство. Според партиски извори, оваа варијанта се разгледувала уште пред референдумот, со оглед на тоа што, како што се наведува, во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има членови кои се расположени да придонесат за донесување на уставните измени, ама стравуваат од рекациите на партиското членство. Проценките се дека на парламентарното мнозинство треба да обезбеди уште девет пратенички гласа за да почне постапката за уставни измени. Квалификувано мнозинство потоа ќе биде потребно и во финалната фаза од измените на Уставот.

Наредните денови по референдумот се сметаат за одлучувачки дали процесот на спроведување на Преспанскиот договор ќе го продолжи овој парламентарен состав или ќе се оди на вонредни избори за нова собраниска гарнитура, со цел да се обезбеди покомотно мнозинство за донесување на уставните измени, како и на другите реформски закони за кои е потребно двотретинско мнозинство. Во слулчај на избори, според најавите на партиски извори, не е исклучено парламентарните партии кои застанаа зад референдумот (СДСМ, ДУИ, Беса, ДПА, Алијансата за Албанците) или да настапат во т.н. европска коалиција со заеднички листи за пратеници.

А.М.М.