СЈО истражува одлевање на наши пари во Чешка, Грција, Британија и Холандија
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот настан за соработка за водење финансиски истраги со Амбасадата на Холандија рече дека истражуваат криминал во повеќе европски земји, јавува Макфакс.
„Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, рече Јанева и посочи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија
Во изјава за медиумите Јанева рече дека СЈО подолго време презема активности за проектот „Скопје 2014“.