Средба на г.г. Стефан со Даријан Сотировски
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска се сретна со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.
Од Комисијата соопштија дека покрај срдечните честитки за изборот на Сотировски за директор, г.г. Стефан ги истакнал своите искрени желби за негова успешна работа и поддршка за сите идни заложби во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската православна црква и нејзините верници.
Сотировски, на средбата која се одржала во кабинетот на поглаварот, ја посочил заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа била истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува.