Србија: Кривични пријави против јавни личности кои пропагираат невакцинирање


Група лекари и родители од повеќе градови во Србија поднеле кривична пријава против јавни личности кои вршат пропаганда за невакцинирање на децата, објави телевизијата Прва.

Во прилогот се наведува дека ставовите на јавните личности за нешто важно, како што е вакцинацијата на деца, целосно ги збунуваат граѓаните.

Од Здружението на педијатри велат дека стравот кај родителите предизвикува појава на епидемија од мали сипаници меѓу невакцинираните, како и паника.

– Ние не сакаме да го правиме тоа што се прави во Романија, да пребројуваме болни и мртви. Некој мора да одговара поради тоа, за што постои и законска основа, изјави педијатарот Томислав Стевановиќ.

На прашањето дали обвинителите имаат ваков случај на суд, тој одговори потврдно, „поради ширење паника“.

– За епидемија нема, се додека не се случи некое дете да има воспаление на белите дробови и да почине, тогаш тие ќе бидат одговорни, вели доктор Стевановиќ.