СП 2018: Шведска во четвртфинале по триумфот над Швајцарија


Шведска се пласираше во четвртфинале на Светско првенство првпат од 1994 година откако победи со 1:0 против Швајцарија на „Санкт Петерсбург Арена“ во еден од најслабите натпревари од првиот круг на директните елиминации на Мундијалот 2018.
Сепак успехот на Швеѓаните беше заслужен, откако организираа поопасни напади во натпреварот, но и многу вешто одиграа во одбрана.
Емил Форсберг го реализираше единствениот погодок во 66-тата минута, а со овој успех, скандинавците веќе се претворија во едно од најголемите изненадувања на шампионатот, и тоа без својата голема ѕвезда од последните години – Златан Ибрахимовиќ.
Тимот во четвртфиналето ќе се сретно со подобриот од дуелот помеѓу Англија и Колумбија, кој е на програмата вечерва.