СП 2018: Сенегал ги казни грешките на Полска


 Сенегал е првиот африкански тим кој забележа победа на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Полска со 2:1 во вториот натпревар од групата „Х“.
Полскиот дефанзивец Тиаго Чонек си даде авто-гол во 37-та минута по ударот на Идриса Гај, а во 60-тата, Мбае Нијанг ја искористи големата грешка во одбраната на противникот за да реализира за 2:0.
Во 86-тата минута, Григориј Криховјак врати еден гол, но тоа беше сè што успеаја да направат Полјаците.
Со овој дуел беше ставен крај на првото коло во групната фаза на Мундијалот.