Сончево, но студено


Сончево, но студено ќе биде утре времето во Македонија. Според најавите ќе дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 6 до 20 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.

За време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.