Сончево и топло, до 27 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Во североисточниот дел од земјава ветерот ќе се засилува и се очекува брзината на ветерот да достигнува до околу 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната од 17 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура од шест до 25 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат бидат малку постудени, а дневните температури без позначителни промени.
Од среда се очекува постепен постепен пад на температурата на воздухот.