Симеоне: Во аргентинската репрезентација владее анархија


Аргентинскиот фудбалски стручњак и тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека главен проблем на репрезентацијата на Аргентина е отсуството на лидерство.

Аргентина во второто коло на Светското првенство беше поразена од Хрватска со 3:0, а претходно ремизираше со Исланд.

Според Симеоне за оваа состојба е виновен селекторот Хорхе Сампаоли.

– Меси е многу добар, но кога е опкружен со врвни играчи. Тоа што се случи на последниот натпревар е всушност истото, кое го гледаме изминативе четири години. Во тимот владее анархија, изгубени се. Играчите се обесхрабрени, а во такви ситуации селекторот треба да си ја заврши работата и да ја подготви екипата, истакна Симеоне.

Аргентинската репрезентација би можела да ја пропушти елиминационата фаза прв пат од 2002 година.