Се нормализира авиосообраќајот на скопскиот аеродром
Утрово од скопскиот аеродром се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетегорг, откако од вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.
Од информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“ може да се види дека одредени летови до и од Скопје доцнат и по неколку часови.
Првото слетување на аеродромот во Скопје било ноќеска во 2 часот по полноќ, кога пристигнал авион на Визер од Франкфурт.
Поради магла и намалена видливост од вчера попладнето летовите од и до скопскиот аеродром беа или откажувани или пренасочувани кон други аеродроми.
Фото: Б. Грданоски