СДСМ: Палењето на фотографија на политички лидер е напад на демократијата
Палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ, реагира СДСМ.
„Палењето фотографии од политички лидери не е чин на напад врз личност, туку напад врз демократијата и демократските вредности, но граѓаните не дозволуваат омразата и гневот на поединци да и наштетат на државата и нејзините интереси. Република Македонија ја победи омразата, стави крај на поделбите и одбра да оди напред како модерна, демократска држава и како општество еднакво за сите. Граѓаните на Македонија поддржаа политики на пријателство и соработка преку кои се решаваат проблемите и отворените прашања на државата, а благодарение на таа поддршка и тие политики Македонија наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО, а потоа и на ЕУ. Палењето фотографии е антидемократски чин, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ“, се вели во реакцијата.