Светот останува без злато: Руските резерви на рекордни 2.000 тони


Руските резерви во злато се приближуваат до рекордот од советската ера откако централната банка на земјата во првата половина на годината додаде уште 106 тони злато. Тоа е дел од планот за одделување на националните резерви од американскиот долар.

Сите резерви во злато на Руската Федерација се близу 2.000 тони заедно со други благородни метали во девизното портфолио на земјата, достигнувајќи рекордни 18 отсто во јуни. Во исто време, Централната банка на Русија (ЦБР) започна масовна распродажба на американските државни обврзници.

Последните податоци од американското министерство за финансии покажаа дека Русија ги намалила своите удели од 96,1 милијарди долари во март на само 14,9 милијарди американски долари, откако ја напушти листата од 33 најголеми странски сопственици на државни обврзници во САД. Намалувањето, наводно, се случило по финансиската, економската и геополитичката процена од ЦБР. Овој чекорот ѝ помага на Русија да ги оддели своите резерви, според шефот на регулаторот Елвира Набиулина.

Сегашните резерви на злато од 2.000 тони се приближуваат кон советскиот максимум од 2.800 тони во 1941 година. Во моментов, руското злато и девизните резерви имаат вкупна вредност од 460 милијарди долари, со тенденција таа бројка да се зголеми до 500 милијарди долари. Во текот на последната деценија, уделот на злато во резервите се зголеми десеткратно.

Скапоцениот метал историски се покажа како ефикасна заштита против финансиските шокови и фискалните кризи. Според рударските и финансиските експерти, во наредните две децении светот би можел да остане без руда од која се вади златото. Ако тоа се случи, цените на овој скапоцен метал може да се зголемат до 3.000 долари за унца или повеќе.