Самит за Сирија во Истанбул


Рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, зборуваат за состојбата во Сирија на Самитот што се одржува во Истанбул. Најавено е дека на Самитот ќе зборува и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.

На почетокот на состанокот Ердоган посочи оти се надева дека Самитот ќе ја оправда надежта на цалиот свет за решавање на сириската криза. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков истакна дека од состанокот не би требало да се очекуваат никакви револуционерни одлуки. Тој нагласи дека страните мораат да ги усогласат ставовите за решавање на сириската криза.