Реал се согласи да го пушти Ковачиќ во Челзи


Играчот од средниот ред Реал, Матео Ковачиќ е близу до трансфер во Челзи. Како што објави шпанска „Марка“, раководството на мадридскиот клуб се согласи да ги ослободи Хрватот кој побара промена на тимот поради слаба минутажа која ја добива во Реал.

Според изворот, Челзи го бара Ковачиќ за следната сезона, а само нијанси треба да се решат за да се оствари трансферот.

24-годишниот Ковачиќ професионалната кариера ја почна во Динамо Загреб во 2010 година. Од 2013 до 2015 година настапуваше за Интер од каде замина за Реал Мадрид.

Има 46 настапи за хрватската репрезентација и постигнато еден гол.