Продолжува судењето за случајот „Насилство во општина Центар“
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Душан Јосифов.
За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година, обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски и уште осум други лица.
Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Во досегашното судење за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.