По несреќата во Етиопија, приземјени 100 авиони


Кинеското цивилно воздухопловство им нареди на сите авио-компании привремено да ги запрат летовите на авионите „Боинг 737 Мах 83.
Овој потег следи по авионската несреќа во Етиопија, кога падна еден таков авион, а одлуката ќе биде на сила девет часа.
Како што појаснија, се работи за безбедносна мерка, затоа што тоа е втора несреќа на ваков тип авион.
Потсетуваме дека еден „Боинг 737 Мах 83 падна во океанот во близина на индонезискиот брег, а во таа несреќа загинаа 189 луѓе.
Инаку, забраната на кина се однесува на 100 авиони, што е четвртина од глобалната флота.
Се огласи и компанијата „Боинг“ која соопшти дека во моментот нема основа за „издавање нови насоки за операторите врз основа на до сега достапните информации во истражување на падот на „Боинг 737 Мах“.
Инаку, етиопскиот патнички авион, од марката „Боинг 7373 Мах“ до лет, кој полета од Адис Абеба кон Најроби, падна во неделата наутро по само шест минути од полетувањето. Како што соопштија официјални лица од „Етиопијан ерлајнс“ сите луѓе кои биле во авионот, 149 патници и осум членови на посадата, загинаа.
На конференцијата за медиумите исто така соопштено е дека пилотот, штом полетал, почнал да пријавува дека има технички проблеми поради што побарал итно враќање на аеродромот од кој полетал.