Потпишан меморандум за обезбедување психолошка поддршка на пациентите


Министерот за здравство, Венко Филипче и претседателката на Комората на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што почнува заедничка соработка меѓу Министерството за здравство и Комората на психолози на Република Македонија во здравствените установи.

„Со овој Меморандум отвораме можности за соработка, со цел обезбедување психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства, особено на онколошките одделениja. Вложуваме во унапредување на здравјето на пациентите, бидејќи психолошката поддршка е едно од најважните сегменти за успешно лекување на болестите“ подвлекуваат од министерството.